Андерсон: Шведска не е неутрална откако влезе во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Шведската премиерка Магдалена Андерсон истакна дека нејзината земја нема да биде неутрална, а дека доколку е потребно, ќе реагира и воено.

Loading...

„Откако влеговме во ЕУ, веќе не сме навистина неутрални“, рече Андерсон за време на посетата на Берлин.

 

Погодена зградата на градската управа во Миколаев, осум лица затрупани во урнатини (ФОТО)

 

Таа потсети дека постои обврска во ЕУ да им даде поддршка на членките и дека Шведска во таков случај секако воено би им помогнала на своите партнери.

Андерсон рече дека Шведска досега не била членка на ниту еден воен сојуз, но дека сега има внатрешно-политичка дискусија дали тоа треба да се смени.

 

Loading...

„Ако не сте имале Ковид, веројатно немате ниту пријатели“

 

Според неа, безбедносната ситуација во балтичкиот регион е влошена.

Таа најави дека Шведска ќе ги зголеми воените трошоци на два отсто од БДП.