„Ако не сте имале Ковид, веројатно немате ниту пријатели“

Сподели со своите пријатели

Ако досега не сте имале ковид, веројатно немате пријатели, тврди еден од водечките јужнокорејски лекари, кој ја избришал својата објава на Фејсбук набргу по објавувањето.

Loading...

„Возрасните кои не биле заразени со Ковид имаат проблеми во меѓучовечките односи“, напиша на Фејсбук Ма Санг-хјук, потпретседател на Јужнокорејското здружение за вакцинација, објави американскиот NPR.

Неговите коментари, кои брзо се проширија на социјалните мрежи, предизвикаа планина критики кај луѓето кои досега не биле болни и не се сметаат за асоцијални.

Др. Ма подоцна ја избриша објавата, тврдејќи дека користел метафора и дека не го разбрале добро.

„Сакав да истакнам колку е тешко некој да го избегне вирусот во ситуација со висока стапка на инфекција во близина“, се обиде да каже подоцна во интервју за корејски весник.

Но, тој не е првиот што користи слични „метафори“.

Мексиканскиот инфектолог Бренда Крабтри во една статија пред еден месец напиша: „Ако немате пријатели кои се заразени сега, немате пријатели“.

И двете изјави беа дадени во време кога нивните земји беа „потресени“ од нов бран на коронавирус, односно ширење на омикрон.

Loading...