Анализа: Санкциите против Русија ги променија бродските рути

Сподели со своите пријатели

Танкерите за гориво одат по подолги и поскапи рути и испуштаат повеќе штетни гасови, цртајќи нова поморска карта во трговијата со енергија која е променета од западните санкции против Русија и нејзините производители на енергија.

Loading...

Поради ембаргото на Европската унија, руските танкери со нафтени деривати како што се бензин, дизел и авионско гориво денес патуваат до Бразил од 16 до 18 дена, а на американските бродови им треба исто толку време за да испорачаат гориво во Европа, велат два извори од курговите во поморскиот транспорт.

Пред санкциите, танкерот патувал од Русија до Европа четири до шест дена, велат тие.

Однесувањето на пловилата исто така се промени

Откако ЕУ воведе санкции кон Русија, вредноста на индексот на товарен танкер БЦТИ, кој го објавува Балтичката берза и го мери движењето на товарните тарифи за транспорт на гориво на група од најпрометните рути во светот, се зголеми повеќе од двојно.

Цртежот на новата поморска карта ги нагласува индиректните последици од западните напори да ја казни Русија за нејзината инвазија на Украина, со поголема неизвесност и повисоки цени во време кога владите се борат со инфлацијата и заканата од светска економска криза.

„Не само што патувањата се многу подолги, туку и однесувањето на бродовите е променето и сега им е забранет пристапот на други пазари на CPP (чисти нафтени продукти)“, напиша Дилан Симпсон, аналитичар за товари во нафтената истражувачка компанија Vortex.

Испораките на руско гориво сега патуваат до далечни купувачи во Бразил, Турција, Нигерија и Мароко, додека Москва се обидува да го надомести изгубениот европски приход.

Европа, од друга страна, увезува повеќе гориво од Азија и Блискиот Исток, покажуваат податоците на Refinitiv и Kpler.

Loading...

САД се главниот снабдувач на тешка нафта во Европа

Во Африка и во источниот Медитеран, руското гориво денес се заменува со гориво од Азија, кое привремено се пренасочува во магацините во Сингапур, центар за мешање, изјавија два извори од рафинериите во североисточна Азија.

Европските увозници кои чекаа четири дена за испорака на нафта од руските пристаништа во Антверпен пред руско-украинската војна, сега чекаат 18 дена за товар од САД, рече еден од изворите.

Денес, САД се главниот снабдувач во Европа со тешка нафта, а Бразил, традиционален увозник на американска нафта, се сврте кон Русија поради поатрактивни цени.

Сепак, патувањето од Русија до Бразил може да потрае 18 дена или подолго, со трошоци по патување до 7 милиони долари, што е речиси двојно повеќе од трошоците за испорака од САД, рече еден од изворите.

Бидејќи бродовите патуваат на подолги растојанија, се поставува и прашањето за повисоки емисии на јаглерод.

Врз основа на податоците пред пандемијата, зголемувањето на километражата од 10 проценти на сите танкери на поврзување со Европската економска област ги зголемува нивните емисии на јаглерод диоксид за околу 1,5 милиони тони, објаснува Валентин Симон од бриселското здружение „Транспорт и животна средина“.

Тоа одговара на годишната емисија од околу 750 илјади автомобили во Европа, заклучува Сајмон.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...