АМСМ: Возете внимателно, снег на неколку патни правци

Сподели со своите пријатели

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по претежно влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија и Јавното претпријатие „Македонија пат“.

Двете институции препорачуваат внимателно возење поради слабиот снег кој превејува на Попова Шапка, Стража, Маврово, Павлешенци, Смојмирово, Ѓавато, Буково и Крушево.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица –  Делчево, Виница – Берово, Гостивар – крак Маврово-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес, предупредуваат диспечерите на ЈП „Македонија пат“.