Амфитеатар, игралишта и трим патеки веќе се градат на Спомен Костурница (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Амфитеатар, спортски терени и трим патеки веќе се градат на Спомен Костурница, во рамките на проектот за обнова на овој историски комплекс.

Loading...

 

 

– Активно се работи на уредување на комплексот Спомен Костурница со изградба на амфитеатар, изградба на три нови спортски терени и трим патеки, поставување на опрема за вежбање и рекреирање, нова урбана опрема, осветлување и дополнително озеленување со нови садници, соопшти градоначалникот Максим Димитриевски.

 

 

Loading...

Овој проект се реализира во соработка со Општина Гњилане, а во рамки на прекугранична соработка.

 

 

Ќе продолжиме да ги зголемуваме спортските капацитети, вели Димитриевски, и дополнително да создаваме поголеми можности за нашите граѓани да се рекреираат и да спортуваат.

 

 

Loading...

Целта е проектот да се реализира и заврши целосно заклучно мај.

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 Никола Ивановски

Leave a Reply