Американските држави започнуваат истрага за Гугл

Сподели со своите пријатели

Голема група американски сојузни држави на чело со Тексас најавуваат истрага за пазарната моќ на „Гугл“ и дали таа компанија неправедно ја потиснува конкуренцијата и им штети на потрошувачите.

Loading...

Ова го изјави генералниот јавен обвинител во Тексас, Кен Пакстон, на прес-конференција во Вашингтон.

„Алфабет“ контролира многу аспекти на мрежата

Највата доаѓа само неколку дена откако група земји објавија истрага за доминацијата на пазарот на Фејсбук, пренесува АП.

Матичната компанија на „Гугл“, Алфабет, има пазарна вредност од повеќе од 820 милијарди американски долари и контролира толку многу аспекти на интернет што е доста невозможно да „сурфате“ долго време без да наидете на барем една од нивните услуги.

Leave a Reply