Американската војска соопшти дека повлекувањето од Авганистан ќе зависи од ситуацијата на теренот

Сподели со своите пријатели

Повлекувањето на американските војници од Авганистан, кое американскиот претседател Доналд Трамп планира да го заврши до Божик, ќе зависи од намалувањето на насилството на теренот и другите услови предвидени со договорот потпишан од САД и талибанците во февруари, соопшти синоќа американската војска..

Loading...

– Договорот и плановите за повлекување во целина предвидуваат одредени услови, изјави началникот на Генералштабот на американската армија Марк Мили.

Трамп на 7 октомври рече дека би сакал да ги повлече американските трупи од Авганистан до Божик, побрзо отколку што беше предвидено со договорот меѓу САД и Талибанците. Администрацијата на Трамп вети дека ќе ги повлече сите американски сили од Авганистан најдоцна до средината на 2021 година.

Сања Костовска


Leave a Reply