Американската војска ќе прави „Iron man“ одело отпорно на куршуми (видео)

Сподели со своите пријатели

Технологијата која ја имаме видено во филмовите како што е „Iron man“, наскоро би можела да стане ералност, благодарение на Штабот на американската војска за истражување, развој и технологија (RDECOM).

Loading...

„Iron man“ оделото моментално се развива ни организација на 56 корпорации, 16 владини агенции, 13 универзитети и десет национални лабалатории.

Официјалното име на оделото од „Iron man“ е „ Tactical Assault Light Operator Suit“ (TALOS) и на војникот кој го носи во филмот му дава супермоќ како што е гледање во темница, дополнителна сила или заштита од куршуми.

Оклопот во реалноста би требало да има флексибилен заштитен слој кој може да се стврднува во дел од секнда кога ќе се стави под напон, да биде отпорен на оган, сензори и да ја зголемува силата на војникот. Некои елементи на супер оклопот веќе се тестирани од страна на американската војска.

Доколку оделото биде развиено на вистински начин, тоа ќе биде револуција во зголемувањето на можностите за преживување и способноста на специјалните едници – изјавил американскиот адмирал Вилија МекРавен.

На развојот на овој супер оклоп работи и МИТ, оклоп на идниот американски војник кој би бил изграден од магнетореолошки течности, односно оклоп чии молекули од течна во тврда сотојба можат да се трансформираат многу брзо под влијание на мангнетното поле или електричната енергија.

Целта на оваа супер одело е да направи целоста балистичка заштита, исто така оделото би имало сензори ки можат да ја препостаат температурата на војникот, пулсот, притисокот и останатите витални функции додека воедно војниците би ги греело или ладело како и осигурувало протокот на воздух.

Војската на САД на овие егзоскелети експериментира веќе со години, а овој прототип како што вели Вашингтон пост би можел да биде готов следната година, со тоа што би биле потрошени уште две години до изградба на напредната верзија на супер оделото на американската војска.