Американец осум месеци се криел од Русите во Херсон: Ниту еден сосед не ме предаде!

Сподели со своите пријатели

Тимоти Моралес, 56-годишен професор по англиски јазик од САД, поминал осум месеци криејќи се во Херсон од руските сили.

Loading...

За да не биде забележан од руски патроли, тој останал во својот стан и гледал филмови на својот лаптоп.

Секогаш кога беше сончево, тој се шетал низ малите дворови со ѕидови. Внимателно ѕиркал низ прозорците, едвај ги разделувал завесите во страв да не го видат руските војници кои се вселиле во зградата спроти него.

Живеел во страв затоа што мислел дека поради неговата националност Русите може да го гледаат како мета.

Успешно се криел осум месеци, а во јавноста се појави дури откако минатата недела Украинците влегоа во тој град на југот на земјата по повлекувањето на Русите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ПВО системот „Патриот“ ќе биде инсталиран во Полска, а не во Украина

– Имаше моменти кога бев очаен – изјави Моралес за 2 New York Times.

Иако е слободен, Херсон сѐ уште е во темнина. Нема струја, вода, ниту парно.

Повеќето негови жители побегнале пред неколку месеци, а Русите при нивното повлекување одзеле се што можеле.

Loading...

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.