Америка загрижена за воените активности на Кина во близина на Тајван

Сподели со своите пријатели

Америка е загрижена поради воените активности на Кина во близина на Тајван, кои ги нарекува провокативни и дестабилизирачки, соопшти денеска Белата куќа.

Loading...

Советот за национална безбедност на Белата куќа нагласи дека во тој поглед ќе продолжи да му помага на Тајван во одржување на задоволителна способност за самоодбрана, објави Ројтерс.

Тоа, инаку, е во согласност со долгогодишните американски обврски кон Тајван, како и со политиката на една Кина.

Владата на Тајван, која Кина ја смета за легитимен дел од својата територија, забележува дека во изминатите 24 часа нејзината противвоздушна одбрана идентификувала 71 авион на кинеските воздухопловни сили, вклучувајќи борбени авиони и беспилотни летала.

Се забележува дека пријавениот упад е најголем досега, јавува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.