Америка го прислушувала првиот човек на Обединетите нации

Сподели со своите пријатели

Американската влада смета дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е премногу подготвен да ги прифати руските интереси, покажуваат новите „протекувања“ од доверливи документи на Пентагон што се појавија на социјалните мрежи.

Loading...

Документите покажуваат дека Вашингтон внимателно го следел Гутереш.

Неколку документи ја опишуваат приватната комуникација меѓу Гутереш и неговиот заменик, како и набљудувањата на Гутереш за војната во Украина и низа африкански лидери.

Еден „протечен“ документ се фокусирал на договорот за жито во Црното Море, кој беше склучен во јули од ОН и Турција, по стравувањата од глобална криза со храна.

Тоа сугерираше дека Гутереш бил толку заинтересиран за зачувување на договорот што бил подготвен да ги прифати интересите на Русија, според Би-Би-Си.

„Гутереш ги истакна своите напори за подобрување на извозната способност на Русија“, се вели во документот, „дури и ако тоа вклучува санкционирани руски субјекти или поединци“.

Неговите дејствија во февруари, според проценката претставена во доверливиот документ, ги „поткопувале пошироките напори Москва да биде одговорна за нејзините постапки во Украина“.

Истакнувајќи дека нема да ги коментира „протечените“ документи, еден висок функционер рече дека ОН се „водени од потребата да се ублажи влијанието на војната врз најсиромашните во светот“.

Loading...

– Ова значи да направиме се што можеме за да ја намалиме цената на храната и да обезбедиме вештачко ѓубриво да им биде достапно на земјите на кои им е најпотребно – рече тој.

Русија често укажуваше дека е тешко да се извезува жито и ѓубрива поради меѓународните санкции во областа на плаќање, осигурување и превоз, а Москва предупреди најмалку двапати дека ќе ја прекине соработката во рамките на Црноморскиот договор за извоз на жито, доколку неговите приговори не се почитуваат.

Друг документ кој датира од средината на февруари опишува отворен разговор помеѓу Гутереш и неговата заменичка Амина Мохамед.

Во него, Гутереш изразува „зачуденост“ од повикот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за Европа да произведе повеќе оружје и муниција поради војната во Украина.

Двајцата разговараат и за неодамнешниот самит на африканските лидери, а според извештаите, Амина Мохамед вели дека кенискиот претседател Вилијам Руто е „немилосрден“ и дека „не му верува“.

Американскиот портпарол задолжен за прашањата за национална безбедност Џон Кирби изјави дека американската влада прави се за да го открие изворот на објавените документи, пренесува Танјуг.