Амбасадата на САД во Ерусалим ќе се премести на Денот на независноста на Израел

Сподели со своите пријатели

САД својата нова амбасада ќе ја отворат на 14. мај во Израел на одбележувањето на 70-годишнината од постоењето на земјата, рекол Ситвен Годстин, државен подсекретар за јавна дипломатија.

Како преходно соопштил неименуван американски службеник, амбасадата на почетокот ќе биде во Арнони (кварт во јужен Ерусалим) во комплексот каде сега се издаваат пасоши и визи. На почетокот таму ќе биде и амбасадорот и мал тим.

Претседателот на САД, Доналд Трамп на 6. декември соопшти дека САД го презнаваат Ерусалим како главен град на Израел и најави преселување на Амбасадата од Тел Авив во Ерусалим. Тогаш беше кажано дека преселувањето ќе потрае, а потпретседателот на САД Мајк Пенс во јануари, за време на посетата на Израел, најави преселување до крајот на идната година.

Одлуката на Трамп предизвика протести не само на Западниот брег и појасот Газа и во арапските земји, туку во целиот муслимански свет.

Палестинците планираат во источен Ерусалим, кој Израел го анектираше во војната во 1967. година, да биде седиштето на нивната независна држава.

Loading...

Leave a Reply