Amazon развива сервис кој ќе биде директна конкуренција на YouTube?

Сподели со своите пријатели

Во последно време имавме можност да видиме доста препирања помеѓу компаниите Amazon и Google. Amazon би можел да преземе чекори во борба против големиот ривал и тоа на удар на популарниот YouTube сервис. Amazon поднел трејдмарк барање под името Amazon Tube и Open Tube.

Amazon неодамна од својата понуда го исфрли Google Chromecast; откако Google ја повлече апликацијата YouTube од Amazon FireTV и сите Echo Shows програми. Истиот ден кога Google објави дека YouTube ќе исчезне од серисот на Amazon од 1 јануари, компанијата Amazon поднела барање за Amazon Tube i Open Tube трејдмарк.

Безос – првиот човек чие богатство наскоро ќе надмине 100 милијарди долари

Loading...

Amazon во апликацијата истакнал дека Amazon Tube i Open Tube би требало да обезбедат содржина базирана на однапред снимен звук, визуелен и аудио-визуелни елемнти, кои не може да се преземат. Содржината ќе се нуди преку бежична мрежа и ќе обработува различни теми.

Ова сугерира дека би можело да се работи за директен конкурент на YouTube во некој иден период.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.