АЛЕРГИИ КАЈ ВОЗРАСНИ: Препознајте ги симптомите, тие се јавуваат во разни ФОРМИ, некои се ФАТАЛНИ

Сподели со своите пријатели

Алергиите доаѓаат во различни форми и се разликуваат по сериозноста, од лесна до тешка, што дури може да има и фатален исход.

Loading...

Симптоми на алергија може да вклучуваат течење на носот, кашлица, кивање, но исто така и опасни по живот симптоми, како што се гушење или анафилактичен шок.

Чувствителност на храна и чести проблеми со варењето на храната може да бидат некои од симптомите на алергија на храна или некои од нејзините состојки. Се верува дека алергијата најчесто се јавува во детството, но може да се појави и во зрелоста.

 

 

Зошто се јавува алергија во зрелоста?

Едно истражување следело 40.000 испитаници и открило дека 10 проценти од нив имаат алергии на храна, а половина од нив го развиле барем еднаш во зрелоста. Американски научници кои проучуваат алергии, астма и имунологија додаваат повеќе категории на кои треба да обрнете внимание, објаснувајќи дека следниве групи на храна сочинуваат околу 90% од сите алергиски реакции кај возрасните.

Loading...

Тоа се: јајца, глутен и соја. Како изгледаат симптомите на алергија кај возрасните? Ако мислите дека сте развиле алергија, ова се симптомите на кои треба да внимавате: абдоминална болка, повраќање, отежнато голтање, отежнато дишење, осип, чешање во грлото или оралната празнина.

 

 

Што да се прави?

Ако забележите непријатни симптоми по оброкот, време е да започнете да следите која храна ги потикнува симптомите. Ако не сте сигурни за каква храна станува збор, обидете се да бидете без храна половина ден за брзо олеснување. Ако јадете разновидни оброци во еден ден, тешко е да ја пронајдете вистинската причина, па затоа може да се консултирате со лекар и да разговарате за тестови што ќе ви откријат што ви предизвикува проблеми.

 

Loading...

Leave a Reply