Алексовска: Огласот за работа во Општината е транспарентен и секој може да се јави

Сподели со своите пријатели

Свој одговор на денешните критики упатени од страна на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово за новите вработувања во Општината, денеска даде и Секратарот Валентина Алексовска која вели дека огласот за вработување е транспарентен и сите може да аплицираат за работа.

Реакцијата ви ја пренесуваме интегрално.

Се покажа практиката дека ДПМНЕ продолжува да си зборува што сака, а не ги слуша другие кога зборуваат. Зборуваат само без аргументи. Последиците кои ги имаме од нивното досегашно владеење се уште ги чувствуваме и ќе ги чувствуваме многу долго време, а тоа е се поради тоа што донесуваат закони кои се само во брза постапка кои се клиентелистички и само за остварување на своите лични потреби.

Ги пренесовте надлежностите господа во 2005 година. Сите обврски ги наметнавте на општините, но сепак не пренесовте финансиски средства, така да тој беше начинот на дисциплинирање на градоначалниците во однос на нивното однесување. Ќе ги дисциплинираме преку недоставување на финансиски средства, но со наметнување обврска.

Господа од ДПМНЕ, Општина Куманово работи согласно законите. Тие обврски кои требаше да се испочитуваат и реализираат за да се задоволат потребите на граѓаните, потребно е и да се вработат, освен што е потребно да имаме финансиски, потребно е да имаме и човечки ресурси. Општина Куманово има 200 вработени, тука е калкулаторот и може да се види. Она што го донесувате вие, тоа е законот каде не обезбедивте негова примена, стапи во сила Законот за вработување, но неговата примена не беше возможна последните две години баш заради ваквите брзи постапки. Не донесовте методологија која првин требаше да се донесе, а потоа да се вметне законот во примена. Методологијата беше во однос на калкулаторот кој требаше да ги избалансира вработените по националност.

Уште еднаш ќе повторам и сметам дека господата од ДПМНЕ ќе слушне. Јавниот оглас е транспарентен и не е за партиски кадри, на овој оглас може да се јават сите граѓани кои се заинтересирани и кои ги исполнуваат условите од конкурсот. Ова е оглас кој ќе биде на транспарентен начин, ќе се избере најдобриот кандидат и оној кој има најмногу бодови. За тоа ќе биде сведок јавноста, за транспарентноста на оваа постапка, а и вие господа од ДПМНЕ.

Што се однесува што е направено, дали гледаме што направила општината, ај што не слушате, ама почнавте да не гледате. Општина Куманово што има направено во овие 12 години е направено од сопствениот Буџет, сопствените средства без никаква помош од централната власт – вели Валентина Алексовска, Секретар на Општина Куманово.

фото: архива

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.