Албанската министерка за надворешни работи: Сите загинати се Албанци од Северна Македонија

Сподели со своите пријатели

Албанската министерка за надворешни работи Олта Џачка изјави дека жртви на тешката сообраќајна несреќа во Бугарија, во која загинаа 46 лица, се Албанци од Северна Македонија.

Loading...

„Голема болка за 45-те изгубени животи на Албанци од Северна Македонија за време на трагичната несреќа во Бугарија. Најискрено сочувство до семејствата на жртвите и брзо закрепнување на повредените“, рече министерката.

 

 

„Албанија е со Северна Македонија и нејзиниот народ во ова тешко време“, напиша Џачка на Фејсбук.

Во претходна изјава македонскиот премиер Зоран Заев зборуваше за 46 жртви, но не прецизираше етничка припадност.

Меѓу загинатите 12 деца се помали од 18 години, а и другите се млади луѓе на околу 20-30 години, вели Заев

Loading...