Албанец приведен на Табановце со фалсификувани патни исправи

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен државјанин на Република Албанија со иницијали Д.С. бчера бил приведен на граничниот премин Табановце околу 19:30 часот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При претресот било констатирано дека патната исправа е фалсификувана, односно намерно е отстранет дел од страниците број 7/8 и вметнат дел од друга исправа како и рачно извршена перфорација на бројот.

Д.С. бил приведен, а албанска патна исправа со Потврда за привремено одземени предмети  привремено билаодземена. Во 21,00 часот лицето како и неговата патна исправа биле предадени на Секторот за внатрешни работи – Куманово, за понатамошна постапка.