Ал Џезира ја емитуваше првата епизода од ”Алхемија на Балканот – Македонија” (видео)

Сподели со своите пријатели

Во првата емисија од серијалот Алхемија на Балканот посветена на Македонија, Ал Џезира и познатиот новинар Горан Милиќ, накратко ги прикажаа најзанимливите места, природните убавини, Охридското езеро со сите знаменитости, т.е бисерите, пастрмката, чистата и бистра вода, но и протагонистите на политичката сцена, премиерот Никола Груевски и Зоран Заев како шеф на опозицијата.

Loading...

Во првата епизода, снимен е и режисерот Милчо Манчевски кој зборува за емоциите кон родната земја, но и за незадоволството од напредокот на државата, сметајќи дека ”секој секому ѕирка под мишки” и дека човечките односи не се јасни, чисти и проветрени.

Споменати се и оазите на претприемништвото, луѓе кои носат економски просперитет и приказна со Катерина Ивановска, модел кој живее во Њујорк, а доаѓа од Скопје, град во кој како што вели се чувствува најсреќна.