Активистот на ВМРО-ДПМНЕ со одземена патна исправа пуштен на слобода

Сподели со своите пријатели

Лицето кое го нападна полицискиот службеник за време на протестите на ВМРО ДПМНЕ  на граничниот премин Табановце е пуштено од притвор со мерка на претпазливост и му е одземена патната исправа дознава Кумановски Муабети од извори во полицијата.

Од официјалното соопштение на МВР против Ф.Ф. од Куманово е поднесена кривична пријава поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. 

Во вторникот на собирот на ВМРО ДПМНЕ на граничниот премин Табановце , во 17,20 часот додека полициски службеник од СВР-Куманово, ги обавувал службените задачи,  Ф.Ф. (42) од Куманово кој учествувал во протестот се приближил до кордонот и со рака го удрил полицискиот службеник во пределот на лицето, се наведува во соопштението на МВР. 

Ф.Ф. бил приведен во СВР- Куманово, додека полицискиот службеник бил пренесен во Јавната здравствена установа-Куманово каде бил задржан на лекување.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.