Aко заборавате работи, пробајте го овој трик за подобро памтење

Сподели со своите пријатели

Кога умот е наполнет, мислите се губат и станува тешко да се запомните некои едноставни работи, како на пример каде ги ставате клучевите, телефонот или дали сте ја исклучиле пеглата.

Loading...

Причината зошто не се сеќаваме е дека ние складираме многу непотребни информации во мозокот и со тоа ги оптоваруваме, па затоа од таа причина слабее нашата меморија. Сето ова може да го зголеми ризикот од Алцхајмерова болест и да го забрза влошувањето на мозокот.

 

 

Научниците советуваат следниот пат кога ќе оставите предмет некаде, да создадете јасна слика за тоа место во вашата глава.

Обрнете внимание на околината, без разлика дали површината на која сте ја оставиле е направена од стакло или дрво, како и каква е бојата. Дали има некој предмет сè уште во близина. На колку повеќе детали се сеќавате, полесно ќе го пронајдете објектот подоцна, и на тој начин ќе го „вежбате“ мозокот и ќе ја подобрите меморијата, а со тоа ќе го намалите и ризикот од Алцхајмерова болест.

 

Loading...

 

Уште еден интересен трик

Рут Пропер од Американскиот универзитет во Монтклер верува дека силниот стисок на десната рака во моментот на меморирање на информации помага подобро да се запомни.

Научниците ова го припишуваат на фактот дека во моментот на стегање на раката, се активираат областите на мозокот поврзани со меморијата. Тие објаснуваат дека стискањето на десната рака ја активира левата хемисфера на мозокот, која е одговорна за кодирање на меморијата.