Ако во домот имате вакви четки за скара, веднаш фрлете ги!

Сподели со своите пријатели

Емнили Лонг, мајка и блогерка од Америка, ги предупредила луѓето во екот на сезоната на опасноста која може да вреба од скарата. Еве за што се работи.

– И официјално започна сезоната на скари, а од 2015. година секое лето чувствувам обврска на сите да им поделам предупредување за оваа опасност. Пред три години загризав плескавица и веднаш почувствувам како да голтам стакло. Почувствував остра болка во грлото и започнав да се давам и да повраќам.

Се обидував тоа да го решам со вода, но не помогна, а болката никако не се намалуваше.

Сфативме дека морам во Итна помош и таму го најдовме виновникот – едно челично влакно од четката за скара ми останало во грлото.

Loading...

Бев надвор од себе, не само порадис ебе, туку при помислата дека тоа можело да му се случи и на мојот син.

Кога се враќавме дома, внимателно ја погледнавме скарата и видовме многу такви игрлички секаде низ неа.

Седнав пред компјутерот и ги гуглав чеките – насловите за несреќни слуачи не престануваа да излегуваат. Децата ги голтале, а една жена со месеци била на цевка за хранење затоа што не сфатиле што е тоа што ја боли во стомакот – се испоставило дека тоа е игличка која и го искинала стомакот.

Се испоставило дека одлично поминав затоа што мене ми се заглави само во грлото.

– Затоа ве молам, добро прегледајте ја скарата и фрлете ги ваквите четки ако ги имате. Кога ќе одите кај пријател на скара, предупредете го.

Мене еден залак ме одведе во болница и среќна сум што така лесно минав, раскажала жената.

Leave a Reply