Ако Путин победи, милиони воени бегалци ќе пристигнат во Германија?

Сподели со своите пријатели

Русија напредува во Украина. Дали Германија треба да се справува со повеќе бегалци во иднина? Веројатно – вели експертот за миграција Џералд Кнаус.

Loading...

Покрај него, за ДВ зборуваат и политичари од СПД и ЦДУ.

Сценариото е драстично: „Ако Путин успее и Украина ја загуби војната, уште десет милиони луѓе би можеле да станат бегалци“. Ова го вели експертот за миграција Џералд Кнаус во интервју за ДВ.

Русија сега речиси секојдневно известува за нови освојувања на украинска територија.

Двете страни жестоко се борат, истрелуваат ракети и користат беспилотни летала. Но, едно е јасно: Русија напредува, е подобро опремена и неодамна дури почна да го користи терминот „војна“ наместо „специјална воена операција“.

Во исто време, меѓународната поддршка за Украина се намалува.

„Ако големите градови како Харков и другите се уништени сега, ако се зголеми бројот на жртви и се намали надежта, тогаш може да го доживееме најголемото движење на бегалци во светот од 1940-тите“, предупредува експертот за миграција Џералд Кнаус.

Експертот за внатрешни работи на германската СПД, Хелге Линд во интервју за ДВ го релативизира ваквото сценарио.

Loading...

„Не очекувам бројката да биде толку астрономска како што се зборува. Но, сосема е можно да дојде до зголемување на бројот на бегалци, да има дополнително драматизирање на војната. Но, нема причина да се каже дека сега постои опасност од огромен бегалски бран“, рече тој.

Германија прими најголем број бегалци

Пред две години, кога руската армија ја нападна цела Украина кршејќи го меѓународното право, солидарноста во Германија беше голема.

Луѓето и политиката спонтано им помагаа на украинските бегалци.

Бегалците од Украина не мора да поминат низ бирократската процедура за азил во Германија, тие имаат право на социјална помош, бесплатна медицинска нега и јазични курсеви. И тие можат да работат веднаш.

Според податоците на медиумскиот сервис „Интеграција“, од вкупно 4,3 милиони воени бегалци од Украина, моментално во Германија има околу 1,15 милиони. Нивниот број постојано се зголемува.

Воените бегалци ѝ се заблагодаруваат на Германија за помошта на митингот на СПД во Минен во август 2023 година.

Политичарите од опозициските конзервативни партии ЦДУ и ЦСУ веќе гледаат на тоа со загриженост.

„Ние како Европејци имаме посебна одговорност за воените бегалци од нашето непосредно соседство. Но, секако, нашите капацитети во одреден момент ќе ги достигнат своите граници“, изјави за ДВ политичарот на ЦДУ, Торстен Фреј.

Loading...

Набргу по почетокот на војната, повеќето Украинци избегаа во соседните земји, особено во Полска.

Таму некогаш биле регистрирани дури 1,6 милиони Украинци, додека денес ги има нешто помалку од милион.

Сега Германија има најголем број воени бегалци од Украина. Но, ако се пресмета во однос на бројот на жители, се добива поинаква слика.

Бугарија има удел на бегалци од 3,4 отсто, Полска и Чешка по 2,6 отсто, а Германија само 1,4 отсто. Ова го пресметал истражувачот за миграција Џералд Кнаус.

Апел за европска солидарност

Торстен Фреј (ЦДУ), пак, го критикува фактот дека, земајќи го предвид апсолутниот број бегалци, „Германија треба да се справи со најголемиот товар“.

Тој смета дека германската влада треба итно да работи на рамномерна распределба на украинските воени бегалци.

„Само покраината Баден-Виртемберг прими повеќе воени бегалци од Украина отколку цела Франција. Баден-Виртемберг има 11 милиони жители, а Франција 68 милиони“, изјави Фрај за ДВ.

Хелге Линд од владејачката партија СПД вели: „Кога бегалците се соочени со избор во која земја да одат, Франција, Белгија, Италија и ако социјалните услови во Германија се јасни, со можност за директно вработување и подобри социјални бенефиции , тогаш разбирливо е дека е поверојатно да дојде во Германија“.

Loading...

Дали Германија е подготвена за повеќе воени бегалци од Украина?

Војната на Русија против Украина зема се повеќе жртви. Луѓето умираат, бегаат или се протерани.

Путин би можел дури и да победи или, се верува, би можел трајно да анектира дел од земјата и да шири терор.

„Европската унија не е подготвена за најлошото сценарио што може да следи“, критикува Џералд Кнаус.

Владините и опозициските политичари не знаат што да прават, бидејќи се повеќе луѓе од други земји бараат заштита во Германија.

Торстен Фрај (ЦДУ) пресмета дека оваа година ќе бидат поднесени уште 300.000 барања за азил.

„Тоа директно ги погодува и украинските воени бегалци, за кои недостигаат сместувачки капацитети и особено капацитети за интеграција.

Loading...

Хелге Линд (СПД) е загрижен: „Општините и градовите веќе предупредуваат дека се на работ на капацитетот. Тоа значи, ако бројот на луѓе од Украина повторно значително се зголеми, тогаш веднаш повторно ќе имаме дебата за миграцијата во Германија“.

Сепак, Линд, Фрај и Кнаус се согласуваат во една точка: најдоброто нешто би било да и се даде на Украина огромна воена поддршка за да не мора повеќе луѓе да бегаат од војната.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.