На фестивалот „Ruisrock“ кој се одржувал во Финска од 6. до 8. јули, претставен е „Fortnum Singalong Shuttle“ такси, кој како начин на плаќање прифаќа само пеење.
Звучи неверојатно, но и тоа е можно. Целосно електричен автомобил кој не емитува штетни гасови, добил само најпозитивни коментари, а за тоа секако допринел единствениот начин на плаќање.
Една од задоволните кориснички е и Алма, меѓународна поп ѕвезда, која на својот концерт дошла со еколошки прифатливо такси и вели дека е многу задоволна.
– Беше прекрасно да се патува до настапот со посетителите на фестивалот и да се ужива во музиката заедно. Плаќањето со пеење е сосема во ред, ако јас се прашувам, рекла таа.
Loading...
Компанијата која го произвела еколошкото такси возило, нуди широк спектар на чисти енергетски решенија и ги охрабрува своите купувачи да живеат одржлив секојдневен живот.
– Сакаме да им покажеме на луѓето дека возењето електричена втомобил истовремено е интересно и удобно, а исто така е и одличен избор кога станува збор за заштита на животната средина, наведува менаџерот на компанијата Фортум, Јуси Малки.