Ако нема жалби, од 26ти јануари продолжува градскиот превоз во Куманово

Сподели со своите пријатели

Постапката за избор на превозници за вршење линиски превоз на патници во Општина Куманово е завршена и доколку никој не поднесе жалба од 26ти јануари ќе продолжи да се одвива превозот за 19 линии.

Loading...

– Се пријавија за 21 линија, имаше понуди од кои 19 ги исполнија условите и беа прифатнеи и истите по завршување на рокот за жалби на 26,01 ако нема жалбена постапка ќе може да почнат да го одвиваат јавниот градски превоз, изјави Лидија Ланг Спасовска од Секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата.

Како што појасни таа, за пет линии не се јавил ниту еден превозник, а за две биле одбиени понудите.

– За линиите за кои нема понудувач, пет линии за кои никој не аплицираше и две за кои подносителот ги немаше комплетирано документите, по заврување на жалбена постпака ќе распишеме нов оглас и ќе ги понудиме тие останати осум линии за да може во нареден период и тие да функционираат, рече Ланг Спасовска.

 

 

На прашање на претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска, што ако никој не се јави и на вториот оглас, Ланг Спасовска вели дека ќе се бара алтернативно решение.

Loading...

– Ние сме должни согласно закон во контитунитет да објавуваме до тогаш до кога не се јави, претпоставувам и дека ќе се консултираме со правниците ако има други алтернативни решенија би ги примениле и тие. Тоа се неатрактивни линии каде се возат мал број патници така да се надевам дека ќе најдеме и за тоа некакво решение, рече таа.

Според раководителката Лидија Ланг Спасовска, согласно одлуката, граѓаните треба да добијат посовремен, пеколошки и пофрекфентен јавен превоз.

– Така да граѓаните отсега ќе се возат со еколошки возила со минимум Еко – 4 стандард, со утврден возен ред кој ќе биде јавно објавен на стојалиштата, рече таа.

Иако СДСМ побара оваа информација да се најде на дневен ред на денешната седница на Советот, ниту дебатираше ниту пак постави било какво прашање за темата.

Никола Ивановски