Ако на бродот има 26 овци и 10 кози, колку години има капетанот на бродот?

Сподели со своите пријатели

Математичка задача која неодамна се појави на социјалните мрежи, а била поставена на ученици од 5. одделение во едно основно училиште во Кина, ги збуни и најинтелигентните корисници.

Учениците ја имале следната задача:

„Ако на бродот има 26 овци и 10 кози, колку години има капетанот на бродот?“

Збунети сте?

Судејќи по коментарите на социјалните мрежи, дефинитивно не сте единствената личност која така се чувствува.

Сепак едно лице можеби и има решение.

Корисникот пресметал дека тежината на теретот изнесува околу 7.799 килограми, а дека возачите на пловни возила во Кина мора да имаат дозвола најмалку пет години пред да бидат товарат терет потежок од 5.000 килограми. Со оглед на тоа дека дозволата за управување на продот не е можно да се добие пред 23. година, возачот има најмалку 28 години, вели корисникот.

Меѓутоа, наставниците воопшто не очекувале дека некој 11-годишник ќе го реши овој проблем.

– Одредени истражувања покажаа дека кај нашите ученици е застапен недостаток на критичка свест кога е во прашање математиката, така да проблемот беше наменет за развивање на критичко и независно размислување кај децата, велат од Министерството за образование на округот Сунчин.