Ако ја поседувате оваа особина можете да привлечете било кого

Сподели со своите пријатели

Дали некогаш сте се запрашале која е карактеристиката која еднакво привлечно ја сметаат и жените и мажите? Според истражувањето на австралискиот Универзитет „Квинсленд“ тоа е потреба првин да се задоволите самите себе.

Loading...

Не во сексуална конотација, зборуваме за потребата во животот да не го правите она што другите го сакаат, ако тоа не го сакате самите.

 

 

Истражувањето опфатило 115 студенти, а задачата била едноставна – да се оцени нивото на привлечност на личностите врз основа на фотографија и неколку наведени крактеристики.

Особините намерно биле манипулирани така да јасно е дека лицата се поделени во две групи – оние наклонети на послушност, кои сакаат да прават она што другите ќе им кажат и оние кои се непослушни, односно наклонети на избор на сопствениот пат.

И жените и мажите голема преднст дале на лицата кои се непослушни и немаат потреба да се прилагодуваат на туѓите желби.

Loading...

 

 

Ова се добри вести, особено ако се земе предвид дека кај некои и натаму владее верувањето дека мажите сакаат послушни жени.

Непослушноста и ставањето себе на прво место стануваат се попопуларни карактеристики.

Leave a Reply