Акција “Гора”: Нови три кривични пријави за бесправна сеча во Гошинце

Сподели со своите пријатели

СВР Скопје во рамките на оперативната акција „Гора“, поднесе кривична пријава против И.З. (34) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“,  против Б.З. (31)  и еден шеснаесетгодишник поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во извршување кривично дело  „кражба“.

Првопријавениот И.З. во точно неутврдено време, место и начин противправно присвоил бесправно исечено 7.70  метри кубни огревно дрво без жиг и соодветна документација од туѓа шума.

На 17.10.2015 година го натоварил дрвото во ТМВ „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, (сопственост на неговиот брат), и го оставил на одредено место со намера во вечерните часови незабележано да го превезе од неговото живеалиште во с. Гошинце, кумановско, до семејна куќа во с. Арачиново, скопско. Утредента, тројцата пријавени со возило „Мицубиши пајеро“ , со скопски регистарски ознаки, отишле до местото каде било оставено ТМВ „Мерцедес“ натоварено со огревни дрва.

Шеснаесетгодишниот син на И.З. го управувал ТМВ „Мерцедес“, а тој со Б.З. во ПМВ „Мицубиши пајеро“ биле претходница со цел да го предупредат ако наидат на полициска патрола. Кога влегле во с. Арачиново, И.З. и Б.З. биле запрени од страна на полициски службеници од ЕПОИ„АЛФА“. Во тој момент И.З. го известил неговиот син кој веднаш се дал во бегство и го оставил возилото натоварено со огревни дрва. Истото било лоцирано од страна на ЕПОИ АЛФА и за настанот била известена Шумска полиција, а лицата И.З. и Б.З. биле спроведени во ПС ОН Гази Баба каде што дале лажни искази дека немаат никакава поврзаност со пронајденото возило.

Од извршените проверки констатирано е дека сопственик на возилото е братот на И.З. од Арачиново, кој изјавил дека му го дал на користење пред пет-шест месеци. После тоа двајцата го признале кривичното дело. ТМВ и огревните дрва се одземени од страна на Шумска полиција. Со наведеното дејствие првопријавениот помогнат од страна на второ и третопријавениот  ја оштетиле заедницата за 53.900,00 ден.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.