Акции за садење цвеќе и садници во Куманово

Сподели со своите пријатели

Екипите на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ работат на пејзажно уредување и засадување нови дрвја, садници, грмушки и цвеќиња на различни локации во Куманово, информираа денеска надлежните.. Акцијата за уредување на просторот околу кружниот тек на влезот во Куманово трае, а досега, засадени се и дрвореди, грмушки и љубичици.

Loading...

-Насадивме 600 садници од жива ограда, 450 сантолини, односно ниски перени,180 украсни грмушки,55 топки туја, 1600 виоли-изјави, техничкиот директор во претпријатието, Цветанка Ивановска.

Од влезот на градот до поранешната фабрика „Први Мај“ и од спротивната страна кај пранешната фабрика „Монопол“ насадени се листопадни дрвја.

-Просторот не само што ќе е хортикултурно уреден, туку со садниците ќе влијаеме и врз намалување на аерозагадувањето-додава Ивановска.

Од едната страна на булеварот насадени се платани, од втората јасени. На други локации во Куманово насадени е нов дрворед на улицата „Гоце Делчев“ и на „Б.Б,. Гуцман“, со даб, обновени се дрворедите со липа, платан, јасен и каталпа на улиците низ градот, обновено е зеленилото на градскиот кеј, на булеварот „Октомвриска револуција“.

Една од мерките за намалување на аерозагадувањето во Куманово е садење на садници, а задолжено е јавното претпријатие кое произведува сопствено производство во расадникот во Доброшане. Стручните појаснуваат дека е водено сметка за биодиверитетот и одбрани се растенија прилагодени за урбана средина.

МИА

Leave a Reply