Ајфеловата кула и денеска е затворена поради штрајк

Сподели со своите пријатели

Ајфеловата кула денеска втор ден по ред останува затворена поради штрајк на вработените кои се борат за повисоки плати и поинаков начин на управување со најпознатата туристичка атракција во Париз, тврдат извори блиски до синдикатот.

Loading...

Градот Париз, главниот акционер на компанијата (Сете) што управува со Ајфеловата кула, „засега одбива да преговара“, изјави за AFP претставник на синдикатот CGT, кој ги претставува работниците.

Затворањето на главната атракција на Париз фрустрира неколку илјади посетители, главно странци.

Пет месеци пред Олимписките игри во Париз (26 јули – 11 август), синдикатите сакаат да го принудат градскиот совет да го промени начинот на управување со Ајфеловата кула, но и да ги зголеми платите на вработените и да ги усогласи со обемот на завршената работа.

Познатата кула, позната и како „Железната дама“, исто така беше затворена поради штрајкот на 27 декември, на денот на одбележувањето на 100-годишнината од смртта на нејзиниот градител Густав Ајфел.