Ахмети и Тачи го ”заобиколија” состанокот на Советот за безбедност (видео)

Сподели со своите пријатели

По повод влошената безбедносна ситуација во Куманово, Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓр Иванов, вчера го свика Советот за безбедност, кој состанок започна со минунто молчење, во чест на загинатите полицајци.

Loading...

На средбата во поширок состав, освен членовите на Советот, поканети беа и лидерите на СДСМ, на ДУИ и на ДПА, но освен Зоран ЗаевАли Ахмети и Мендух Тачи не се појавија, а како преставник на ДУИ присутен беше Талат Џафери, а на ДПА, претеникот Имер Алиу.

На седницата на Советот за безбедност, покрај претседателот Ѓорге Иванов, учествуваа премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, министерот за одбрана, Зоран Јолевски, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и членовите на Советот, Флора Кадриу, Насер Сејдини и Вели Креци.

На седницата на Советот за безбедност се изрази најостра осуда за нарушувањето на безбедноста на земјата, чија цел е дестабилизација на Македонија, рече претседателот на државата Ѓорге Иванов, по завршувањето на седницата.

Претседателот тврди дека сите институции работеле согласно нивните надлежности и се презела акција која имала за цел да спречат и цивилни жртви. Заради тоа беа претрпени човечки и материјали жртви, рече Иванов.

По состанокот, Претседателот Иванов се обрати на нацијата:

Ова група нема поддршка ниту во Македонија, ниту во регионот, знаевме дека е сочинета од екстремни криминални поединци со добри вештини, не ги потценивме во ниту еден момент да извршат терористички напад и затоа беше во толкав обем акцијата и затоа, за жал, плативме и со толкава цена“, рече Иванов.

Loading...

Leave a Reply