Откажана првата прошетка на жените во вселената

Сподели со своите пријатели

Првата исклучиво женска прошетка низ вселената е откажана поради проблеми со вселенските одела, соопшти американската вселенска агенција НАСА.

Loading...

Ени Меклајн и Кристина Кох требало во петок да инсталираат литуим-јонски батерии на Меѓународната вселенска станица (МСС).

НАСА соопшти дека постои само едно вселенско одело со големина која одговара на обемот на жените, пренесува ВВС.

Кох во петок ќе излезе на прошетка во вселената со својот колега Нико Хаг, соопшти американската вселенска агенција.

Со оглед дека само едно одело со големина М може да биде готово до петок 29 март, ќе го носи Кристина Кох, вели НАСА во соопштението.

Меклејн, која тренирала и во одела со величина М и Л, сфатила дека оделото со средна големина и е најсоодветно.

НАСА има две одела со М големина, но едно од тие две треба да биде правилно конфигурирано за одење во вселената.

За да се направи до петок, потребни се часови и часови, поради што НАСА одлучила дека е полесно и побезбедно да се променат астронаутите.

Loading...

Leave a Reply