Пронајдена слика на Пикасо украдена пред 20 години

Сподели со своите пријатели

Слика на Пабло Пикасо, украдена пред 20 години од јахта на еден саудиски шеик на југот на Франција, проанјдена е благодарение на холандскиот детектив Артур Бранд, пренесува Франс прес.

Loading...

„Портрет Доре Мар“ или „Биста на жената“, од 1938 година, се проценува на 25 милиони евра.

Банд, кого колекционерите го нарекуваат Индијана Џонс, сликата на славниот шпански уметник ја пронашол по четиригодишна истрага.

Маслото на платно, неименуван бизнисмен го доставил до една осигурителна куќа кон средината на март. Сликата била во црна ќеса за смет, завиткана во платно. Човекот во чие сопствеништво била во последните години тврди дека не знаел оти станува збор за украдено дело.

Leave a Reply