Репортер на американската телевизија MSNBC не бил свесен дека преносот во живо веќе започнал, кога решил на чуден начин „да ја поправи фризурата“.
Имено, Мет Бредли ги згрози гледачите кои очекувале да го слушнат неговиот извештај за поразот на Исламската држава во Сирија.
Од студиото рекле дека најновата вест е дека територијата под контрола на ИСИС е целосно ослободена по битката во Багуза.
– Велат дека борбите и натаму се водат. Мет Бредли е во источна Сирија, каде се наоѓаат посладните остатоци од т.н. калифат. Мет, каква е ситуацијата, праша водителот.
Меѓутоа, јавувањето на мет од Сирија започна така што тој два пати плукна во рацете, а потоа со плунката се обиде да ја намести косата.
Тоа не помина незабележано, па социјалните мрежи беа преплавени со снимката.