Руски турист Андреј Жестков е приведен на аеродром на индонезискиот остров Бали откако се обидел да ја напушти земјата со дрогиран орангутан во куферот, соопштува тамошната полиција.
Туристот бил приведен од аеродромското обезбедување додека се качувал во авион за Русија.
Обезбедувањето во неговиот куфер пронашло мажјак орангутан од околу две години кој длабоко спиел, како и два гекони и пет живи гуштери.

Полицијата додава дека орангутанот веројатно бил успиен со таблети против алергија кои биле пронајдени во куферот.
На Русинот му се закнуваат пет години затвор и парична казна од 7.000 долари поради шверцување заштитени животни.

Туристот рекол дека орангутанот му го подарил пријателот и дека сакал да му биде домашен миленик.
