Компанијата „Дизни“ завршила со преземање на забавниот програм на „21st Century Fox“ во рамките на трансакција вредна вртоглави 71 милијарда долари.
Со ова под „еден корпоративен кров“ се обединуваат граншизите како „Пепелашка“, „Симпсонови“ и „Војна на ѕвездите“.
Компанијата „Волт Дизни“ нешто по полноќ по њујоршко време ја заврши аквизацијата, пренесува бригантски Гардијан. Во рамките на договорот „Дизни“ ќе апсорбира филмски и телевизиски студија на Фокс, потоа ТВ мрежите како FX, National Geographic и индиската ТВ станица „Star India“.
– Ова е извонреден и историски момент за сите нас, кој ќе создаде значајна долгорочна вредност за нашата компанија и нашите акционери, изјавил Роберт Игер, претседател и извршен директор на „Дизни“.
Компанијата планира подоцна годинава да лансира нова услуга во стримингот „Дизни Плус“ со што ќе стане директен конкурент на „Нетфликс“.
Пред преземањето на делот на „Фокс“, компанијата „Дизни“ веќе се пофали со неверојатен каталог на содрижи вклучително и класични цртани филмови, „Војна на ѕвездите“ и многу ликови на Марвел.
Аквизицијата исто така на „Дизни“ му носи контрола над ТВ емисии и филмови од почеток до крајот од креирање на програма до дистрибуција преку телевизиски канали, кина и стриминг услуги.