Последните податоци на американскиот Кинолошки сојуз покажуваат дека лабрадорите веќе 28 години по ред се најпопуларната раса кучиња во САД.
Loading...
На листата 10 најпопуларни кучиња се и германскиот кратковлакнест птичар кој го зазема деветтото место, а има остварено најдобар резултат кога го добил признанието во 1930 година.
Меѓу најпопуларните кучиња се и германските овчари, златни ретривери, француски булдог и булдози. Шесто место зазема бигл, а по него следуваат пудли, ротвајлери, германски птичар и јоркишки териер.
Во Европа ситуацијата според некои статистики е слична. Првото место исто така го заземаат лабрадорите, следуваат златни ретривери, па германски овчар.