Емотиконите стануваат составен дел од секојдневната пишана комуникација. Неколку илјадници шарени илустрации ги дополнуваат текстуалните пораки. Нивните значења јасно се дефинирани, но се поставува прашање дали насекаде тоа значење е прифатено.
Емотиконите и емоџите, познати како „смајли“, денес претставуваат составен дел од пишаната комуникација.
Според Уникод, во поголемиот дел од светските пишани системи, бројот на смајли денес е скоро три илјади, а нивниот број постојано расте.
Емотиконите даваат можност човекот да го искаже своето мислење, емоција или реакција што побрзо и поленсо, користејќи сликички кои човекот може да ги разбере.
Меѓутоа, не ги разбираме сите исто. Многу емотикони, многу значења.
За да се избегне неразбирањето, Џереми Бурџ создал Емоџипедија, вид на речник за емотикони.
Емоџипедија претставува енциклопедија во која детално се објасените значењата на сите смајлиња кои постојат, така да, доколку не сте сигурни во значењето на некое смајли, можете да проверите таму.
Иако имаат некое утврдено значење кое на сите им е познато, лесно препознатливо и разбирливо, тоа значење може да се менува доколку тие се користат во некој друг контекст.
Освен значењето кое го нуди емоџипедијата, голема улога во толкувањето на некои пораки кои во себе содржат смајлињата, игра и контекстот.
Тој контекст исто така зависи од меѓусебното познавање на учесниците во комуникацијата. П така можеби некои емотикви го губат универзалното значење во кодирањето и енкодирањето на пораките.
Рзличните гестови и изрази на лицето различно се сфаќаат во различни култури.
Во некои земји одреден гест или смајли е сфатлив позитивно, во други нема да наидете на одобрувње.
Кренат плаец во поголемиот дел од земјите се користи кога нешто се одобрува или за да се покаже дека нешто ни се дошаѓа, дека со нешто се сложуваме.
Но, во Бразил овој гест се сфаќа како навреда.