Сопругот на директорката на кумановската градинка се офајдил со плац по десет пати пониска цена

Сподели со своите пријатели

Жарко Алексовски сопругот на актуелната директорка на кумановската градинка „Ангел Шајче“, Марина Алексовска за време на локалните избори купил плац со вцртана маркица за градба во атрактивен дел од градот (населба Зелен рид) и тоа по цена од околу 11 евра за метар квадратен.

Loading...

Ваквите парцели на оваа локација во атрактивната населба Зелен рид во Куманово се движат по пазарна вредност од 100 до 150 евра за метар квадратен, а за да биде целиот случај уште посомнителен сопругот на Алексовска бил единствен понудувач на јавното наддавање.

Купувањето плац на атрактивна локација за десет пати помала сума се случувало во екот на локалните избори. Дали станува збор за договорена зделка за купување на јавно земјиште или е сепак враќање за некоја услуга засега е непознато. Се обидовме да добиеме коментар од директорката Алексовска, но таа не одговори ниту на нашите повици и смс пораки.

Во документот до кој што дојде нашата редакција уште е наведено дека за дооформување на парцелата новиот сопственик ќе плати дополнително по околу 100 евра од приватен сопственик  или точно по цена од 6000 денари м2 за 44 метри квадратни. Значи распродаден е државен имот со големина од 552 метри квадратни по цена од околу 11 евра по метар квадратен додека приватниот по редовна цена од околу 100 евра.

Иако целата постапка е формално правно по закон и со документ, сепак цената по која е продаден плацот, фактот дека тој бил единствен понудувач за толку атрактивно земјиште по десет пати пониска цена и период кога сето тоа се случувало, наведува на сомнеж за евентуално договорена зделка од која некоја добро профитирал.

Leave a Reply