Во одреден момент жените дводелниот костим за капење го менуваат со едноделен во данеж дека повеќе ќе „сокријат“. Но, не и Филомена Вареј која открива тајна благодарение на која и со 80 години е во фантастична форма.
Со 80 години и четири деца, оваа жена изгледа 30 години помладо. Кога се одмара до базенот или оди на плажа, гордо носи бикини и очигледно и стои одлично.

– Секое утро се будат со цел. Бев благословена со енергија и талент и желба да помогнам на другите да бидат се што можат и многу сум благодарна на тоа, рекла Вареј за „Превеншн“.
Во новата книга „Тајните на најздравите луѓе во светот“, Вареј вели дека постојат три клучни тајни кои ја одржале во одлична форма.
1. Следете го начинот на сихрана 70-20-10
Тоа е 70 отсто калории од овошје, зеленчук и житарици, 20 отсто од лесни протеини како пилешко и риба, и 10 отсто масти.
– Има многу сечење и доста работа околу подготовката на храна, што е предизвик, но е вредно, вели Вареј.

2. Трачајте
– Мојата средна ќерка доби стипенција за спортисти, а кога доби распоред за тренинг пред првата година, виде дека тоа вклучува трчање три милји (пет километри) три дена во неделата. Рече: „Мамо, сакаш ли да трчаш со мене?“. Како можев да речам не, вели Филомена.
По одредено време, Филомена била во добра кондиција и одлучила да се пријави на трка од пет километри.
Филомена секоја година трча трка и од 40 до 75 години секогаш освојувала злато.
– Кога е во прашање мотивацијата за вежбање, помага да имате цел, вели Стив Боверс, коавтор на книгата „Тајните на најздравите луѓе во светот“.
– Поставувањето цели на сите им помага да го зголемат учиниокот во вежбањето, рекреативните спортови, исто како и врвните спортисти, додава Боверс.

3. Бидете благодарни
Секој ден, Филомена пишува на што е благодарна и хартијата на која тоа го запошува го става во тегла за благодарност.
– Врската на умот и телото е толку јасна. Тоа исто така ни помага да останете во форма, толку да можете гордо да носите бикини и на 80 години, додава Филомена.