Зад некои се кријат интересни приказни, а „Бизнис Инсајдер“ претстави некои од најголемите брендови и што значи нивното име.
„Икеа“
Основачот Ингвар Кампрад името на својата фирма го направил според своите иницијали И.К. на кои ги додал првите букви од „Elmtaryd and Agunnardy“, името на имотот и селото во кое израснал.
„Лего“.
Лего е комбинација од данските зборови „leg got“ што значи „се играме убаво“.
„Оракле“
Името настанало како код за проектот кој Лери Елисон и Боб Оатс го работеле за ЦИА. Тоа била база на податоци која требало да одговори на секое прашање за секого.
„Пепси“
Оргиналното име за овој пијалак било „Brad’s Drink“ по основачот по име Кејлеб Брендан. Пепси кола е име кое настанало во 1898 година од зборот „диспепсија“ што значи лошо варење. Тој го претставил ставот на оваа компанија дека се работи за здрава која кој го потикнува варењето.
„Ребук“.
Алтернативното спелување „rhebok“ на еден јужноафикански јазик означува антилопа, која симболизира брзина и грациозност.
Имиња на познати светски компании кои сигурно ги изговарате погрешно

