Имиња на познати светски компании кои сигурно ги изговарате погрешно

Сподели со своите пријатели

Многу често сме сведоци како странските имиња добиваат свои домашни верзии за да се прилагодат на локалното население. Обично тоа преведување се прави исправно, но постојат одредени случаи кога термините и не се преведуваат најдобро, а што е најлошо, веќе се втемелени во домашниот јазик.

За што точно се работи погледнете низ следните примери со имињата на светски познати компании.

HUAWEI

Сигурно го читате Хуавеј, така? Но, вистинскиот начин на изговор е Вавеј.

HYUNDAI

Дали некогаш сте имале ваков автомобил? Правилниот изговор би требало да биде Хјанде. Само внесете го зборот на Google Translate и префрлете на корејски и ќе се уверите.

NIKE

Иако скоро сите на нашите простори го изговараат Најк, сепак правилно е Најки. Најк е присвоен збор како некоја варијанта на европско име, но оргиналното е сепак Најки.

ADOBE

Исто како и со оваа компанија. Правилен изговор е Адоби.

LAMBORGHINI

Овој супер брз автомоил кај нас се чита Ламбурџини, но на италијански е Лаборгини.

SERGIO TACCHINI

Ги знаеме како Серџио Тачини, но правилно е Серџо Такини.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.