НОВА ТЕОРИЈА: Земјата ќе ја уништат „ветрови убијци“

Сподели со своите пријатели

За ураганите и тропските бури се уште не постои категоријата 6. Најсилните непогоди од овој тип кои можат да уништат цели градови како Њу Орлеанс или Њујорк имаат ознака 5. Метеоролозите и научниците не предвиделе дека би можело да дојде до потреба за нова категоризација, која би вклучувала ветрови кои надминуваат брзина од 322 километри на час.

Ураганот Флоренс и тајфунот Мангкут однесоа десетици животи на истокот на САД и Филипини, а истражувачите велат дека поради климатските промени нема да има повеќе бури, туку тие ќе стануваат помоќни и ќе се појавуваат таму каде што досега ги немало, наведува Дојче веле.

Тобијас Гајгер, научник од Постдамскиот институт за истражување на клими за Дојче веле, вели дека оваа сезона на тропски бури беќе сега е посилна од минатогодишната.

Врелиот бран од Алжир до Арктик не е резултат само на климатските промени

– Активноста на една сезона не се мери само со бројот на бури кои пристигнуваат до копното туку колку енергија се генерира над океанот од бурите. Веќе сега е генерирана поголема енергија во северната хемисфера отколку во цела 2017. година, наведува Гајгер.

Тој додаве дека тука не постои тренд.

– Но, клучно е што очекуваме зголемување на бројот на ретките, но посебно силни тропски бури. А тоа се оние кои се навистина многу опасни, вели Гајгер кој ги проучува последиците од климатските промени на екстремните временски непогоди и стопанството.

Гајгер објаснува дека климатските промени ја зголемуваат температурата на морето што е неопходен услов за тропските бури.

– Кога температурите се високи, бурите можат на поголеми дистанци да собираат енергија и да нанесат поголема штета. Постојат области кои се на граница да достигнат температури доволни за формирање на тропски бури, а тие би можеле да се појават се до северниот Атлантик и да ја погодат областа која досега ретко или никогаш не била на удар на бура. Вкупно со климатските промени не се очекува по секоја цена поголем број бури, но очекува посебно силни бури, вели тој.

Мапа на земјите кои ќе успеат да ги преживеат климатските промени

Гајгер додава дека минатата година била реткодна што се однесува до материјалната штета по сезоната на урагани со 280 милијарди долари, но не сака да прогнозира штета за оваа сезона која трае уште два месеци.

– Начелно ураганите во иднина ќе нанесуваат повеќе штета. Важен фактор тука е и благосостојбата. Луѓето градат поскапи куќи во делумно многу ранливи области. На пример во Северна Каролина се игнорираат климатските промени и растот на нивото на морето. Таму се изведуваат градежни проекти на острови кои во наредните децении би можеле да бидат често погодувани, заклучува Гајгер.

Leave a Reply