Врелиот бран од Алжир до Арктик не е резултат само на климатските промени

Сподели со своите пријатели

Северната хемисфера трпи превисоки температури, а климатските промени не се единствената причина, предупредува „Гардијан“.

Минатата недела властите во Шведска издадоа необичен повика за меѓународна помош во спречување на големите пожари кои последните денови избувнуваат во државата.

По повеќе месеци без дожд, со високи температури кои траеле со недлеи, шумите во целата земја се претвориле во пожари, пишува британски Гардијан.

Резултатите биле застрашувачки. Избувнале низа шумски пожари, а до минатата недела имало повеќе од педесет шуми во пламен, од кои многумина во арктичкиот појас.

Државата позната по студеното и снежно време се нашла во неизбежна борба со пожарите и била принудена да побара меѓународна помош.

Како што наведува Гардијан, на сверениот дел на нашата планета топлотните бранови станале вообичаена појава предизвикувајќи десетина смртни случаи, пожари и суши. Ширум северната хемисфера, во Северна Америка, на Арктик, Северна Европа и Африка забележани се рекордно високи температури.

Метеоролошката станица во Алжир во Сахара, забележала температура од 51,3 степени целзиусови, што е најголемата температура забележана во Африка. Во Јапонија каде температурите достигнаа 40 степени, населението е повикано на претпазливост откако бројот на умрени од топлотниот бран достигна 30, а илјадници се сместени во болниците. Во Калифорнија згоилемена е употребата на клима уреди што довело до недостаток на струја.

Од топлина во Велика Британија се стиопи кров на Научниот центар во Глазгов, додека тревниците ширум земјата се спржени. Моменталниот топлотен бран стана голабален проблем, наведува Гардијан.

 

Loading...

 

Сепак и натаму не е јасно зошто толку локации на севернат аполутопка се зафатени со вакво време. Поголемиот дел од научниците укажуваат на низа фактори во врска со глобалното затоплување, но другите предупредуваат дека постои и нешто повеќе.

– Последните недели измерени се некои екстремно високи температури. Сепак, не треба да се преценува можноста од климатските промени, затоа што јасно е дека влијаат и другите фактори, навел Дан Мичел од Универзитетот во Бристол.

Еден од тие фактори е струјниот тек, јадрото на силните ветрови на осум до 11 километри над површината на Земјата кои дуваат од запад на исток и управуваат со временските услови ширум светот. Понекогаш кога се интензивни, тие ветрови носат бури, а кога се слаби носат мирни денови и тоа моментално се случува.

– Струјниот тек моментално е многу слаб, а резултат на тоа е што високиот атмосферски притисок долго се задржува на исто место, истакнал Мичел.

Другите фактори кои создаваат метеоролошки услови и кои довеле до вакво време опфаќаат значајни промени на температурата на површината на морето во северниот Атлантик.

– Ова е дел од феномен познат како атлантска повеќедецениска осцилација. Всушност ситуацијата е слична на онаа од 1976. година кога имавме слични температури на Атлантикот и непроменет струен тек. И секако, оваа година беше една од најсушните, најмногу сончеви денови и најтопли лета во Британија во 20. век, рекол професорот Адам Секјф од Канцеларијата за метеорологија.

Сепак, една разлика е клучна од оваа и 1976. година, истакнал професорот Тим Озборн, директор на Климатската истражувачка единица од Унвиерзитетот Источна Англија.

– Основата на која овие ефекти денес функционираат де драстично поинаква. Од 1976. година имавме повеќе децении глобално затоплување, поради раст на емисиите ја јаглерод диоксид, што значително ги зголеми глобалните температури, нагласува Озборн.

Резултат е дека секој феномен, како слабеење на струјниот тек, ќе има поизразен ефект за разлика од пред 40 години. Научниците истакнуваат дека топлотните бранови ќе станат почести и дека ќе се влошуваат, како и растот на емисиите на јаглерод, а проблемот нема да се задржи само на копно.

Leave a Reply