Научниците веруваат дека првиот траг за животот на Земјата се формирал пред 3,9 милијарди години.
Пред четири милијарди години планетата Теиа се судрила со Земјата и така настанала Месечината. Меѓутоа, најновите откритија покажале дека набргу потоа се појавила и трага за првиот клеточен живот на Земјата, кој се смета со заканувачко за се што денес постои на нашата планета.
Научниците со помош на истражување на ДНК материјал од Земјата, па дури и оној добиен од фосили, откриле микроб кој датира од периодот пред 3 милијарди години.
СЕНЗАЦИОНАЛНО ОТКРИТИЕ: Октриена планета слична на Земјата на која е можен живот (видео)
За микробот наречен „LUCA“ (last universal common ancestor) сметал дека е стар помеѓу 3,5 до 3,8 милијарди години, меѓутоа најновите откритија покажуваат дека неговата еволуција на нашата планета се случила околу сто милиони години порано.
Имено, истражувачите од бристолскиот Универзитет користеле молекуларна методата за истражување на ДНК материјал, за да се открие кога се појавила најраната форма на живот на Земјата.
Со испитувањата на генетски материјал од фосили и користењето на старите истражувања на молекулите, научниците од бристолскиот универзитет дошле да заклучок дека микробот „LUCA“ всушност е постар од што се верувало.
Молекуларното истражување се однесува на испитувањето на специфични геноми на различни видови се додека не се утврди заедничкиот предок на тој вид. Со оваа метода, можно да се најдат врски помеѓу видот за кој претходно не сме знаели дека постојат.
СТРАВИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во следните 100 години луѓето ќе мора да ја напуштат Земјата (видео)