СТРАВИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во следните 100 години луѓето ќе мора да ја напуштат Земјата (видео)

Сподели со своите пријатели

Луѓето ќе мора да ја напуштат Земјата во наредни 100 години или ќе бидат принудени да се соочат со сосптвениот нестанок, предупредува професорот Стивен Хокинг.

Угледниот физичар смета дека животот на Земјата е изложен на се поголем ризик од катастрофи како што се климатски промени, пренаселеност, епидемии и удари од астероиди.

Светот станува се помалку прикладен за живот на луѓето во следниот 22 век, предупредува Хокинг во новиот документарец „Експедиција Нова Земја“ кој ќе се прикажува ан ВВС и истакнува дека следните генерации ќе мораат во вселената да го пронајдат местото за живот.

Хокинг во документарецот патува по светот за да открие на кој начин луѓето би можеле да преживеат во вселената. Тој тврди дека времето на Земјата ни истекува и дека иднината мораме да ја градиме на некое друго место.

Loading...