СЕНЗАЦИОНАЛНО ОТКРИТИЕ: Октриена планета слична на Земјата на која е можен живот (видео)

Сподели со своите пријатели

Пред година дена научниците открија систем од седум планети околу ѕвездата TRAPIST-1, а сега утврдија дека на некои од нив е можен живот.

Се работи за ѕвездата одалечена од земјата 39 светлосни години и толку мала што спаѓа во групата ултрастудени џуџиња. Површинската температура е околу 2.500 степени целзиусови, а масата една десетина од Сончевата маса.

Она што е спектакуларна вест е дека три од седум планети од тој систем кружат околу својата матична ѕвезда во насллив појас, односно подрачје во кое постојат услови за живот. Се работи за карпести планети, а сега дошло до сензационално откритие дека на две планети во системот TRAPIST-1 има услови за живот многу слични или идентични на оние на Земјата.

Loading...

Група научници соопштува дека планетите B и C од тој систем поседуваат внатрешна топлина затоа што се многу близу до своите ѕвезди, а дека планетите D и E се најдобри кандидати за формирање на живот, затоа што имаат извор на топлина од своето јадро. Освен тоа планетата D, според проценките има просечна површинска температура од 15 степени целзиусови, што всушност е идентично со условите не Земјата. Сите овие планети најверојатно имаат на својата површина вода, било во течна или замрзната состојба.

Пто се однесува до температурата, само планетата E е нешто постудена и „Тоа се температурите како на Антарктикот“ рекла др. Еми Бар од „Planetary Institution“. Планетите на овој ситем дури и по димензиите се многу слични со Земјата, а најголемата од нив е 13 отсто поголема од нашата.

https://youtu.be/ilSP0gM1_H0

Планетите кои се со големина на Земјата најверојано имаат метално јадро. Плимните сили кои ги има планетата се неопходни за живот на нив.

Постојаното гравитациско привлекување на ѕвездите од една страна и ротацијата на планетата од другата, доведува до плима и осека, која пак доведува до триење на слоевите на планетата, што значи и до развивање и одржување на топло јадро.

Топлото, течно метално јадро во планета која ротира значи дека се развива магнетно поле на планетата, магнетосфера, која потоа планетата ја штити од радијациско зрачење на матичните ѕвезди. Во спротивно секој зачеток на животот на планетата радијацијата веднаш би го уништила.

Што се однесува до водата како уште еден од условите за формирање на живот, на овие планети би требало да ја има во изобилство, а на некои од нив е многу можно да има и вистински океани. Според некои научни толкување, живот во вселената може да се очекува практично на секое место на кое постојат макар и најмали услови за негов развој, а во овој планетарен систем такви места има доволно.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.