Гугл слави 20, а Хром 10 години постоење

Сподели со своите пријатели

На денешен ден, пред 20 години, двајца студенти го регистрирале Гугл како приватна компанија, а пред 10 години започна со работ апребарувачот Гугл Хром.

Како што наведува британски Метро, на 4 септември 1998. година, двајцата студенти Лари Пејџ и Сергеј Брин во гаража одлучиле нивната животна мисија да биде организација на сите информации во светот за да тие можат да се користат од сите.

Од тогаш, Гугл станал место на кое луѓето ширум светот одат за да пронајдат одговори за тоа како едноставни, така и тешки прашања, а понекогаш дури и некои банални прашања.

ОВА НЕ Е НОРМАЛНО: Што знаат Гугл и Фејсбук за секого од нас?

Loading...

Во меѓувреме, Гугл прераснал во империја, која на корисниците им помага не само да пристапат како до корисни, така и до бескорисни информации, туку им дава и насоки преку Гугл Мапс, помага меѓусебно да бидат во контакт, преку Gmail или ги учи луѓето да ја поврзат машината со помош на снимка од Јутјуб.

Гугл на корисницит еим овозможил да комуницираат на повеќе од 100 јазици преку Гугл Транслејт, како и да истражат места кои никогаш не би можеле да видат без Google Earth.

Leave a Reply