ОВА НЕ Е НОРМАЛНО: Што знаат Гугл и Фејсбук за секого од нас?

Сподели со своите пријатели

Гугл и Фејсбук знаат скоро се што сопственикот на паметен телефон прави на или надвор од интернетот и ги чуваат информациите дури и кога сопственикот ќе ги избрише податоцит еод својот уред, пишува технолошкиот советник и веб девелопер на својот Твитер профил.

– Сакате да полудите? Ќе би покажам колку ваши информации собрале фирмите како Гугл и Фејсбук, дури и да не знаете за тоа, напишал Дилан Куран.

Следува изборот од листата на Куран:

Гугл ја бележи вашата локација (ако ја имате вклучено) секогаш кога ќе го вклучите вашиот телефон и можете да видите временска линија од првиот ден на користењето на Гугл на вашиот телефон (https://www.google.com/maps/timeline)

 

Loading...

 

Гугл ја чува вашата историја на пребарувања на сите уреди на одвоени локации, па дури и да ја избришете историјата на пребарувања и историјата на податоците од мобилниот уред, Гугл и натаму ги складира податоци се додека не избришете се, а тоа можете да го направите на сите свои уреди (https://myactivity.google.com/myactivity).

Гугл создава рекламен профил базиран на вашите информации меѓу кои се вашата локација, пол, возраст, хоби, кариера, интереси, љубовен статус, можна тежина (сакате да изгубите пет килограми во еден ден?) и приходите. (https://adssettings.google.com/authenticated).

Гугл складира информации за сите апликации и додатоци кои ги користите, колку често ги користите, каде ги користите и со кого комуницирате преку нив (со кого разговарате на Фејсбук, од каде се тие луѓе, кога одите на спиење) https://myaccount.google.com/permissions?pli=1

Гугл ја спасува сета ваша Јутјуб историја, па така знаат дали наскоро ќе станете родител, дали сте конзервативни, прогресивни, евреин, христијанин или муслиман, дали сте депресивни и суицидни, дали сте анорексични… ) https://www.youtube.com/feed/history/search_history

Гугл нуди опција за преземање на сите податоци кои ги чува поврзани за вас. „Го побарав тој даунлауд и тоа беше околу 5,5 гигабајти, што е околу три милиони Word документи. (google.com/takeout)

Фејсбук нуди слична опција за преземање на вашите информации, мојот беше приближно 600 мегабајти, што е како 400.000 Word документи.

Тука се наоѓа секоја порака која сте ја испратиле или примиле, секој фајл кој некогаш сте го примиле, сите контакти од вашиот телефон и сите аудиопораки кои некогаш сте ги испратиле или примиле.

 

 

Фејсбук исто така складира се што смета дека е интересно поврзано сор аботите кои сте ги лајкнале и врз основа на разговорот со вашите пријатели.

Можеби е бесмислено, но тие ги чуваат и сите стикери кои некогаш сте ги испратиле во разговорите.

Исто така бележат точно време на секое ваше логирање на Фејсбук, местото на логирање и времето на уредот од кој сте се приклучиле.

Ги чуваат и сите апликации кои некогаш сте ги поврзале со својот Фејсбук профил „како можат да погодат дека сум заинтересиран за веб и графични дизајн, дека сум бил сам во период X-Y кога сум го инсталирал Тиндер, дека сум купил HTC мобилен телефон во ноември.

Ако имате инсталирано Windows 10, ова е само слика на опции за приваност со 16 различин под менија кои од инсталацијата имаат отворени можности за складирање.

Тоа вклучува следење каде сте, кои апликации сте ги инсталирале, кога сте ги користеле, за што сте ги користеле, пристапот до веб камера и микрофон во секое време, вашите контакти, мејлови, календар, историја на повици, па и пораки кои ги испраќате и добивате.

Тука се и работи кои ги преземате од интернет, игри, фотографии и снимки, вашата музика, историја на пребарување, прегледи на интернет, па дури и листа на радиостаници кои ги слушате.

Тука е документ за историја на пребарувања кој има 90.000 различни ставки, дури прикажува кои фотографии сум ги преземал од интернет и кои страници сум ги посетил (Покажав дел од The PirateBay за да покажам колку штета оваа информација би можела да направи).

Ова е мојот Гугл календар, ги прикажува сите случувања кои сум ги запишал, дали навистина сум присуствувал и кога сум бил таму (овој дел е кога заминав на интервју за маркетинг работа и кога таму сум пристигнал).

Ова е мојот Гугл драјв (Google Drive) кој експлицитно го избришав, вклучувајќи го моето резиме, мојот месечен буџет и сите шифри, документи и интернет страници кои сум ги направил, па дури и мојот прифатен PGP клуч кој сум го избришал, а кој го користам за кодирање на мејловите.

Ова е мојот Гугл Фит кој ги покажува сит еекори кои некогаш сум ги направил, секое време во кое некаде сум шетал и сите записи кога сум навел медитација, јога или вежба (ги избришав сите овие информации и ја отповикав дозволата за Google Fit).

 

Loading...

 

Ова се фотографии кои некогаш сум ги направил со телефон, поредени по години, вклучувајќи и податоци за времето и местото на нивнот правење.

А сега мојот Google Activity, овој дел има илјадници документи,па ќе направам кратко сиже што тука се наоша.

Првин тука е секоја реклама на Гугл на која сум кликнал, секоја апликација која некогаш сум ја користел и кога тоа сум го правел, секога интернет страница која сум ја посетил и времето на посетата, но и секоја апликација која сум ја инсталирал и пребарувал.

Секоја фотографија која сум ја барал и спасил, секоја локација која сум ја барал или кникнал на неа, секој текст кој сум го барал или читал, па и секое пребарување на Гугл откако сум го направил во 2009. година.

И на крајот, секое Јутјуб виедо кое некогаш сум го барал или гледал од 2008. година.

(Al Jazeera)

Leave a Reply