Гугл и Фејсбук да платат авторски права на новинските агенции

Сподели со своите пријатели

Директори на 18 европски новински агенции потпишале иницијатива за измена на Законот за авторски права, со цел Фејсбук и Гугл да се обрвзат дел од приходот да го плтат на новинските агенции чија содржина бесплатно ја користат.

Европскиот парламент требало на 12 септември да се изјасни за оваа барање, односно да го уважи правото на издавачот, вклучувајќи ги новинските агенции, интернет пребарувачите и вебсајтовите да платат за содржините кои ги користат.

Како што се наведува во текстот на иницијатива, која ја формирала Франц прес, под името „Иднината на слободниот печат е во рацете на пратениците на ЕУ“, наведува дека ЕУ во Стразбур за девет дена ќе гласа за нацрт законот кој треба да допринесе за исправување на нерамнотежата кога станува збор практичната кражба на содржините на печатените медиуми и новинските агенции од страна на „интернет моќниците“ со цел остварување приходи од реклами.

Тоа, како што се оценува во текстот на иницијативата е ситуација која ги уништува независните медиуми.

ОВА НЕ Е НОРМАЛНО: Што знаат Гугл и Фејсбук за секого од нас?

Loading...

На измените од законот остро се противат Фејсбук и Гугл, кои водат кампања заснована на лажна теза дека станува збор за огрнаичување на слободниот пристап на интернет.

Слободата на пристапот, меѓутоа, не се доведува во никаква сомнеж, се наведува во иницијативата.

Имено, како што појаснуваат европските новински агенции, Фејсбук и Гугл бесплатно користат огромна количина вести и прилози на печатените медиуми и агенции и на тоаа содржина привлекуваат голем број огласувачи.

Тие така добиваат дел од рекламниот колач да воспостават монопол, остварувајќи 80 отсто од приходите од огласувањето на интернет во 2017 година, со исклучок на Кина.

Според предложената измена на законот тие ќе мора да делат само еден дел од приходот со авторските содржини.

Во иницијативата на новинските агенции, се укажува на фактот дека постоечкиот закон датира од времето кога Гугл, Фејсбук и Јутјуб, како и паметните телефони не постоеле.

Тие мора да издвојат значителни средства за работењето онлајн.

Како што опаѓа продажбата на весниците, единствена надеж им се приходите од интернет, меѓутоа таму на дело гледаат „големи играчи“ кои собираат плодови од нивната работа бесплатно и лишувајќи ги од приход.

Leave a Reply