Огромен, рѓосан брод без екипаж откриле рибари во близина на брегот во реиогнот Јангон.
Откако мистериозниот брод се насукал на брегот на Мјанмар, властите и припадниците на морнарицата во четврток влегле во бродот кој ја носел ознаката „Sam Ratulangi PB 1600“, за да ги истржат трагите, пишува ВВС.
Полицијата и припадниците на морнарицата биле збунети поради тоа што толку голем брод, без екипаж и стока на бродот, завршил во близина на брегот на регионот Јангон.
– На бродот немало морнари, ниту стока, навела полицијата, додавајќи дека пловел под индонезиско знаме.
Пронајдени остатоци од брод со богатство од 17 милијарди долари
Loading...
Бродот, кој е направен во 2001 година, долг е повеќе од 177 метри, според податоците на интернет страницата Marine Traffic, која го регулира движењето на бродовите ширум светот. Изненадувачки е податокот на официјалните лица кои тврдат дека бродот се наоѓа во исправна и пловна состојба.
Локацијата на бродот последен пат е забележана крај брегот на Тајван во 2009 година, а ова е прв пријава на напуштениот брод кој се појавува во водите на Мјанмар, известува АФП.
Додека полицијата во Мјанмар е обидува да го открие потеклото на товарниот брод, припадниците на морнарицата се сомневаат дека бродот бил во правец кон фабрика во Бангладеш, но дека екипажот го напуштил поради лошите временски услови.